Во последните 24 часа се потврдени 100 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа 11 пациенти, а оздравеа 551 пациент, соопшти Министерството за здравство.
Направени се 764 тестирања. Во Скопје се потврдени 47 нови случаи, Куманово-3, Дебар-12, Штип-1, Прилеп-4, Тетово-10, Велес-3, Охрид-4, Кавадарци-8, Гостивар-3, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Кочани-2, Кичево-1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 551 оздравени пациенти од: Скопје-314, Куманово-10, Штип-14, Прилеп-27, Тетово-16, Струга-8, Велес-16, Битола-26, Охрид-16, Кавадарци-13, Гостивар-13, Гевгелија-12, Струмица-12, Крива Паланка-3, Крушево -11, Кочани-9, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Македонски Брод-2, Пехчево-3, Берово-3, Валандово-3, Делчево-1, Свети Николе-1, Кичево-5, Ресен-7 и Неготино-3.
Починати се 11 лица, тројца пациенти од Скопје (67, 72 и 67г), еден од Тетово (68г), еден од Гостивар (78г), еден од Крива Паланка (84г), еден пациент од Кочани (41г), еден од Демир Хисар (72г), еден од Македонски Брод (78г) и двајца пациенти од Делчево (80 и 60г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 85.594, бројката на оздравени пациенти е 66.760, на починати е 2.592, а бројот на активни случаи изнесува 16.242.
Досега во земјата се направени вкупно 411.804 тестирања на Ковид -19.