Утрински Весник
Магазин

Роуан Аткинсон се вклучи во развојот на анимиран филм за Мистер Бин

Роуан Аткинсон се вклучи во развојот на анимиран филм за Мистер Бин

Ѕвездата од серијата и филмовите „Мистер Бин“, Роуан Аткинсон, повторно ќе се наврати на еден од неговите најпознати култни ликови во новиот анимиран филм за овој лик.

Аткинсон првпат го објави ова во интервју за „Радио тајмс“ каде откри дека во моментов е на почеток на снимањето на филмот. Наспроти она што некои би помислиле, британскиот актер откри и дека глумењето на Мистер Бин не е толку забавно како што може да изгледа.

„Полесно ми е да го изведувам ликот вокално отколку визуелно “, рече Аткинсон, пренесува порталот „Дедлајн“.

„Не уживам многу кога го глумам. Тежината на одговорноста не е баш пријатна. Сметам дека е стресно и исцрпувачко и со нетрпение чекам да заврши“.

Анимираниот филм ќе биде многу полесна одговорност за Аткинсон. Доколку филмот добие анимирана форма, исто така, ќе им биде полесно на продуцентскиот тим да го развијат и порано да го одобрат за прикажување.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Грција втора во светот по бројот на плажи со сино знаме

Jубилејниот 70. Евросонг започнува вечерва

Дневен хороскоп за 12 мај 2026 година