Утрински Весник
Магазин

Елен Деџенерис ќе продолжи со своето шоу во студио без публика

Елен Деџенерис ќе продолжи со своето шоу во студио без публика

Елен Деџенерис се враќа во студиото.

По заздравувањето од Ковид-19, 62-годишната комичарка следната недела ќе се врати на работа во студиото на „Ворнер брос“ за нејзиното дневно ток-шоу „Елен Деџенерис“, кое ќе го води без публика.

Според „Варајети“, програмата, која е во продукција на Ворнеровиот „Телепикчрс продакшнс“, ќе почне со снимање в понеделник заедно со својот персонал.

Продукцијата има цел да го ограничи бројот на вработени во шоуто на минимум, при што секој ќе ја добива својата нормална плата по прашањата поврзани со поплаки на персоналот минатата година.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронза во Полска

Село на духови во Франција: 110 години нема жители, земјата крие смртоносна опасност

Diamond Mall одбележува три години со нови содржини, брендови и иницијативи за заедницата