Утрински Весник
Спорт

Пинтуро пак го доби ѕвоното од Аделбоден со неверојатна супериорност

Пинтуро пак го доби ѕвоното од Аделбоден со неверојатна супериорност

Алексис Пинтуро ја декласира конкуренцијата за да победи на велеслаломот во швајцарскиот ски-центар Адерлбоден откако беше најбрз во првото и во второто возење и победи со предност од 1,04 секунда пред Хрватот Филип Зубчиќ, кој се искачи од третото место по првото возење, а Марко Одермат ѝ го донесе првиот подиум на Швајцарија во Аделбоден по 13 години.

Условите за скијање беа фантастични во Аделбоден со температури далеку под нулата и Пинтуро го искористи тоа вторпат да го добие трофејот во форма на ѕвоно по триумфот пред четири години. Ова исто така е втора велеслаломска победа во низа за Французинот по победата во Алта Бадија пред Нова година.

Со победата Пинтуро е на 10 поени зад Одермат во велеслалом, а веднаш ќе има шанса да се искачи на првото место бидејќи утре на програмата е втора трка, првпат во историјата на Аделбоден.

> Пинтуро пак го доби ѕвоното од Аделбоден со неверојатна супериорност <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ѓоковиќ казнет поради недолично однесување

Ѓоковиќ повторно покажа шампионски карактер, во полуфинале го чека Синер

Роналдо го одигра последниот натпревар на Светско првенство