Утрински Весник
Свет

Шефот на полицијата во Капитол си даде оставка по немирите во Вашингтон

Шефот на полицијата во Капитол си даде оставка по немирите во Вашингтон
Dik 300x250 mk

Шефот на американската полиција во Капитол, Стивен Сенд, поднесе оставка по пробивањето на зградата на американскиот Капитол од страна на приврзаниците на Трамп, пренесува ТАСС.

Според информациите, Сенд ќе ја напушти функцијата на 16 јануари. Претходно, спикерот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, го повика да се повлече.

Како што забележа претходно началникот на полицијата, Сенд не очекувал митингот од слободен говор да се претвори во насилен напад.

На 6 јануари приврзаниците на Трамп упаднаа во зградата на американскиот Конгрес за да спречат одобрување на резултатите од последните претседателски избори на 3 ноември, на кои победи демократскиот кандидат Џо Бајден.

Полицијата и специјалните единици набргу ја ослободија зградата на Капитол од демонстрантите, а пратениците беа во можност да го продолжат и успешно да го завршат процесот на потврда на Бајден за шеф на државата. Според последните податоци, во протестите загинаа четири демонстранти и еден полицаец, а приведени се речиси 70 лица.

Церемонијата на инаугурацијата на Бајден е планирана за 20 јануари 2021 година.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ОН доставија над 24.000 тони хуманитарна помош во Газа од почетокот на прекинот на огнот

Мерц и Ердоган со спротивставени ставови за војната во Газа

Над 130 убиени лица во полициска акција во Бразил