Утрински Весник
Свет

Грција ја продолжи забраната за влез на граѓани од трети земји до 21 јануари

Преминот „Меџитлија“ од полноќ ќе биде затворен за сообраќај

Забраната за влез во Грција на нашите граѓани и на граѓани од трети земји им е продолжена до 21 јануари.

Мерката е објавена во Службен весник на Грција и стапи на сила денес, пренесува МИА.

Оваа одлука не се однесува на граѓаните на Европската Унија и Шенген-зоната, како и на граѓаните на Австралија, Јапонија, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Велика Британија, Обединетите Арапски Емирати и Сингапур.

Привремената забрана за влез во Грција се однесува на сите државјани на трети земји на кое било место на влез, со какво било превозно средство, вклучително и воздушни, поморски, железнички и патни врски од превентивни причини во борбата против ширењето на вирусот Ковид-19 на грчка територија.

Отворени се седум гранични премини за камиони за превоз на стока, четири со Бугарија и по еден со нашата земја, Турција и Албанија, а за возачите не важи задолжителна потврда за негативен ПЦР-тест.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп планира укинување на гласањето по пошта пред изборите за Конгресот во 2026

Кина и Индија договорија одржување на динамиката во билатералните односи

Трамп по телефонски разговор со Путин, најави тристрана средба со учество на Зеленски за решавање на конфликтот во Украина