Утрински Весник
Свет

(Видео) Бајден: Нашата демократија е под напад

Бајден по потврдата на неговата победа: Трамп не сака да го почитува Уставот

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден изјави дека немирите кои денеска се случија во Вашингтон не ја претставуваат Америка.

„Во овој момент, нашата демократија е нападната, се случи напад врз тврдината на слободата – Капитол, напад врз претставници на народот и јавни службеници, полицајци чија работа е да го штитат мирот“, рече тој.

Додаде дека станува збор за мала група екстремисти.

„Ова е хаос и мора да заврши сега“, порача Бајден. Тој ја повика толпата да се повлече и да дозволи демократијата да ја продолжи својата работа.

„Го повикувам Трамп да излезе на национална телевизија и да ја исполни својата заклетва, да го брани Уставот и да побара прекин на оваа опсада“, рече Бајден, додавајќи дека следните четири години мора да бидат обновување на демократијата, владеењето на правото и пристојноста.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Шангајската организација за соработка ги собира најважните евроазиски лидери, здружувајќи ги силите против Западот

Портпаролот на вооруженото крило на Хамас, Абу Обеида убиен во израелски напад

Трамп: Малку е веројатна средба меѓу Путин и Зеленски, но троен самит е извесен