Тотенхем е првиот финалист на Англискиот лига куп (Карабао купот), откако со 2:0 го совлада второлигашот Брентфорд во полуфиналето, и сега го очекува подобриот од утрешното манчестерско дерби во финалето на „Вембли“, каде што ќе ја брка првата титула од 2008 година (кога исто така го освоија овој куп).
Муса Сисоко донесе водство за тимот на Жозе Мурињо уште во 12-тата минута од мечот, но срцата на навивачите на Тотенхем се смрзнаа кога Ајван Тони израмни на 1:1 во 63-тата минута. Сепак, голот беше поништен поради офсајд позиција и седум минути подоцна Сон Хеунг-Мин стави точка на натпреварот со нов гол.
Недостатокот на освоени трофеи на популарниот лондонски клуб долго време служи за потсмев од ривалските клубови од англиската престолнина – Тотенхем последната од двете англиски титули ги освои во 1961 година, а последната, осма титула од ФА купот дојде во 1991 година. Во Лига купот тие имаат четири титули (1971, 1972, 1999, 2008), а во Европа имаат два трофеи од УЕФА купот (1972, 1984) и еден од Купот на победници на купови (1963).
What a goal!! Tottenham lead
Moussa Sissoko with a fantastic header, what a cross by Reguilon
— Spurs On Tap (@SpursOnTap) January 5, 2021
Sonny inches us closer to the finals#COYS | #THFC | #Tottenham
— Spurs On Tap (@SpursOnTap) January 5, 2021
> Мурињо ќе го лови првиот трофеј на Тотенхем по 13 години! <