Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Џипови ја демолираа ски-патеката на Пониква

Џипови ја демолираа ски-патеката на Пониква
Img 7972

Несовесни граѓани со автомобили ноќеска додека паѓаше снег, целосно ја „преорале“ најпопуларната ски-патека во зимскиот центар Пониква кај Кочани. Направена е голема штета, особено што патеката беше подготвена за првиот снег годинава и првите скијачи. И покрај тоа што ски-патеката е оградена, возачите успеале да ја поместат оградата, да се искачат и да остават длабоки траги по делот што се користи за скијање.

Концесионерот, компанијата „Еуроком“ интервенираше со рачно порамнување на патеката и носење на снег од други локации, со цел да ја оспособи за скијање. Претпладнето патеката е целосно ставена во функција.

„Несовесни граѓани со автомобили ноќеска возеле на уредената ски-патека, со што направена е голема штета. Механизацијата не можеше целосно да ја санира патеката, поради што моравме рачно да прекопуваме. Претпладнето веќе може да се скија и санка, а во функција е и ски лифтот,“ изјави Благој Манев, одкомпанијата „Еуроком“ концесионер на Пониква.

Патеката повотрно е оградена и обезбедена за снежните спортови. Ноќеска наврна дваесетина сантиметри снег, што ќе биде доволно за да се користи ски патеката еден, наменета за почетници, додека втората патека за побрзо скијање ќе чека нови врнежи.

Ски-лифтовите се во функција, оспособени неодамна со средства обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка, во износ од 4,8 милиони денари. Пониква е единствениот зимски центар, каде доаѓаат на скијање, санкање и рекреација граѓани од целиот источен и североисточен дел на државата.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

(Видео) Сообраќајка на автопатот Миладиновци – Штип

Малолетник претепан на автобуска постојка на Бит Пазар

Суспендирани се инспекторите од УЈП кои најавувале контроли во кочанската дискотека „Пулс“