Утрински Весник
Свет

Додик: Медиумите од ФБиХ ја измислија „Иконата“ и направија лажна приказна

Додик: Медиумите од ФБиХ ја измислија „Иконата“ и направија лажна приказна

Српскиот член и претседател на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, е пуштен на домашно лекување по одлуката на советот на лекари на Универзитетскиот клинички центар на Република Српска и борбата со коронавирусот. На прес-конференцијата, откако зборуваше за неговата состојба и како ги поминал деновите во болница, Додик одговори на прашањата на новинарите.

Меѓу другото, тој одговараше на прашања на новинарите во врска со аферата „Икона“. Додик рече дека сè е измислено во Федерацијата БиХ.

„Украина никогаш не го постави прашањето за исчезнувањето на таа икона. Тоа е семејна икона. Ни денес украинските власти не ја побараа таа икона. Тие измислија приказна. Амбасадорот на Украина зборуваше врз основа на извештаи во медиумите, засновани на лаги. Иконата е таму, господин Лавров сметаше дека треба да ја врати. Таа е тука и јас сега, немав можност, се надевам дека знаете зошто, ќе ги повикам луѓето што ми ја дадоа таа икона и јавно ќе им ја вратам, па тие нека ги објаснат другите работи“, рече Додик.

Додик рече дека нема ништо инкриминирано во тоа, освен болна амбиција да се држи до таа тема, со цел да се покријат срамните потези на Жељко Комшиќ и Шефик Џаферовиќ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Речиси 30.000 дезертери доброволно се вратија да служат во украинската армија по сила на законот за амнестија

Шведска, Норвешка и Данска со 486 милиони долари ќе се вклучат во иницијативата на НАТО за снабдување на Украина со оружје

Трамп: Би сакал пак да се кандидирам за претседател, но најверојатно нема