Утрински Весник
Свет

Песков: По критиките на Путин, не ви се живее

Песков: По критиките на Путин, не ви се живее

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека се соочува со сериозни критики од претседателот Владимир Путин и призна дека не му е до живот во тие ситуации.

Во интервјуто на новинарот Владимир Соловјов објавено на „Јутјуб“, Песков, запрашан да објасни дали кога претседателот критикува навистина не сакате да живеете, одговори: „Не сакате“ и додаде дека тоа е тешко.

Песков рече дека тоа не се случува толку често.

„Фала му на Бога, не често. Но, има некои моменти што треба да се поправат подоцна“, призна Песков, пренесува „РИА новости“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Германскиот парламент одобри побрза набавка на оружје

Фон дер Лајен: ЕУ работи на нови санкции против иранските лидери

Русија протера британски дипломат поради шпионажа