Утрински Весник
Свет

(Видео) Поранешен вработен во „Мерцедес“ упаднал со багер и демолирал десетици нови возила

(Видео) Поранешен вработен во „Мерцедес“ упаднал со багер и демолирал десетици нови возила

Незадоволен поранешен вработен во фабриката Мерцедес-Бенц во Виторија, Шпанија, украл багер од градилиштето и на 31-ви декември дошол во кругот на фабриката пробивајќи се внатре.

Тој, според различните информации кои циркулираат во шпанските медиуми, уништил помеѓу 50 и 70 возила, а чуварот морал да пука во воздухот пред да го уапсат провалникот.

„Периодизмо Дел Мотор“, шпанско списание за автомобили, известува дека 38-годишникот работел кратко во фабриката пред неколку години. Се чини дека ангажманот не завршил во добри односи и тој решил да се одмазди, причинувајќи штета од 6 милиони долари.

„Тој предизвика голема штета додека управуваше со багерот“, соопшти полицијата. Полицијата пристигнала на местото на настанот за да го пронајде мажот зад воланот на багерот како ги крши возилата.

Полицијата сè уште го истражува инцидентот.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Грузиската полиција со водени топови против демонстрантите кои протестираат против владината одлука да го одложи барањето за пристапување во ЕУ

11 кинески и руски воени авиони влегоа во зоната за воздушна одбрана на Јужна Кореја

Шпанија воведува платено климатско отсуство