Реал Мадрид нема да му понудат нов договор на капитенот Серхио Рамос. Капитенот по завршувањето на сезоната ќе биде слободен играч. Двете страни не можат да најдат заеднички јазик, Рамос бара две годишен договор и плата од 13 милиони евра по сезона.
Шпанските медиуми, шпекулираат дека, Реал ќе му дозволи на Рамос да замине, а клубот како негова замена го означил Пау Торес од Виљареал. За услугите на шпанските репрезентативец Реал биле подготвени да платат 50 милиони евра.
Застојот во преговорите го зголемува незадоволството кај братот на фудбалерот Рене, кој воедно е и негов менаџер.
„Некој ќе мора да објасни како и зошто дојдовме во ситуација капитенот и лидерот на тимот да се најде на апсурдната листа на фудбалери кои можат да потпишат за друг клуб“, споделил на Твитер, Рене Рамос.
Серхио Рамос, од 1.јануари, може да преговара со други клубови, а наводно веќе имал понуда од ПСЖ.
Рамос е играч на Реал од 2005 година. За „кралскиот клуб“ одиграл 666 натпревари, постигнал 100 голови.
? Informa @lamacope
? El Madrid la próxima temporada intentará fichar a Pau Torres (cláusula 50M €)
❌ El Madrid no ha hecho todavía ninguna oferta a Ramos
?️ Solo ha habido conversaciones informales entre Florentino y Ramos
? Quiere seguir y cree que se ha ganado 2 años pic.twitter.com/RTEBcXiz0d
— Tiempo de Juego (@tjcope) January 4, 2021
> Братот на Рамос е лут: Некој ќе треба да објасни зошто нема нов договор за Серхио <