Утрински Весник
Свет

Полициски час во Грција и за новогодишната ноќ

Полициски час во Грција и за новогодишната ноќ

Ограничувачките мерки, вклучително и полицискиот час, ќе почнат да се применуваат вечерва, одлучија министрите на седницата на грчката влада.

Планот ќе биде сличен на тој што беше усвоен на Божик, особено за време на часовите пред влегувањето во 2021 година, така што полицискиот час ќе биде во сила, пренесе агенцијата АНА.

Полицијата ќе биде распоредена низ целата земја , а на терен ќе биде и инспекцијата, која ќе следи дали некој ги крши ограничувачките мерки за собирање.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хорор во Италија: Татко двапати го избодел својот 12-годишен син во градите

Белгија: Неколку лица загинаа во судир меѓу училиштен автобус и воз

Иран ги предупреди САД за кршење на прекинот на огнот