Утрински Весник
Свет

САД очекуваат понатамошна соработка со Русија во војната против дрогата

САД очекуваат понатамошна соработка со Русија во војната против дрогата

САД очекуваат постојана соработка со Русија во борбата против трговијата со дрога и остануваат посветени на заедничките напори на тоа поле, изјави за ТАСС претставник на Управата за борба против дрога на САД (ДЕА) при Министерството за правда.

Тој ги коментираше информациите објавени претходно од Руската федерална служба за безбедност (ФСБ) за заедничка операција за ликвидација на транснационална криминална мрежа која се занимавала со трговија со кокаин од Јужна Америка во Европа.

„Со нетрпение очекуваме да продолжиме со соработката на спроведување на законот од заеднички интерес и сме посветени на заедничката соработка за намалување на глобалната закана oд дрога“, рече претставникот на ДЕА на прашањето дали администрацијата е задоволна од досегашната соработка со руските колеги и дали американските истражители имаат намера да продолжат да соработуваат со нив.

Во меѓувреме, тој одби да открие детали во врска со руско-американската операција, посочувајќи на руските власти за коментар за оваа специфична акција.

Руската ФСБ заедно со своите американски колеги претходно спроведе специјална операција за откривање криминална мрежа која се занимава со трговија со кокаин од Јужна Америка во Русија и во Европа. Притоа беа запленети 330 кг кокаин со пазарна вредност од милијарда рубљи (13,56 милиони долари).

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници