Утрински Весник
Свет

Во текот на ноќта неколку потреси во Петриња

Во текот на ноќта неколку потреси во Петриња
Dik 300x250 mk

Продолжуваат потресите во Хрватска. Во текот на изминатата ноќ, поширокото подрачје на Петриња беше погодено од најмалку четири нови земјотреси, а најсилниот од нив беше 3,8 степени според Рихтеровата скала, пишува Индекс.

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала се случил во 4 часот и 36 минути, во 5:30 часот имал земјотрес со јачина од 3,1 степен, а со иста јачина бил и оној што се случил во 6 часот и 25 минути.

Овие земјотреси се нешто послаби од земјотресот што ја потресе Хрватска вчера утро, со јачина од 4,8 степени.

Сеизмолозите предупредуваат дека слична ситуација се очекува во наредните денови, па дури и недели.

Вчера попладне беше објавено дека се почувствувани 66 земјотреси во последните 58 часа во централниот дел на Хрватска. Дел од жителите од подрачјето погодено од земјотресот ја поминаа втората ноќ во автомобили.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Масакр во Судан: Убиени над 2.000 цивили

Зеленски ја обвини Кина: Испорачуваат машини за руско производство на оружје и помагаат во заобиколување на санкциите

Француската Влада е против воведување данок на богатство