Утрински Весник
Македонија

Филипче: Во февруари ги добиваме првите дози на вакцината од „Фајзер“

Филипче: Пред 2-3 недели инфективните одделенија низ државата беа преполни

Република Северна Македонија во февруари ги добива првите дози на „Фајзер“ вакцината, соопшти на социјалните мрежи, министерот за здравство Венко Филипче.

„Денеска попладне е постигнат директен договор со компанијата, а количина ќе биде позната во текот на следните недели. Следните дози од вакцината на ‘Фајзер’ ќе пристигнат во март и април“, нагласува Филипче.

Чест ми е да информирам дека во февруари ги добиваме првите дози на Фајзер вакцината. ?

Република Северна Македонија во…

Posted by Венко Филипче on Среда, 30 декември 2020

Тој воедно додава дека Министерството за здравство продолжува разговори за обезбедување вакцини и преку преговори со земјите членки на ЕУ, како и преку „Ковкакс“ механизмот од каде се очекува распоредот и датумот за дистрибуција на првите количини.

„Ова е одлична вест за сите граѓани и прв чекор кон конечна победа над пандемијата“, вели министерот кој додава и дека во текот на јануари се очекуваат и фрижидерите за складирање на овие вакцини и со тоа македонскиот здравствен систем ќе биде целосно подготвен за вакцинацијата.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”