Утрински Весник
Македонија

Пендаровски стави потпис на Законот за решавање на спорот меѓу Владата и „Макпетрол“

Пендаровски стави потпис на Законот за решавање на спорот меѓу Владата и „Макпетрол“

По консултации со експерти од областа на енергетиката и правото, претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот за прогласување на Законот за решавање на спорот помеѓу Владата и „Макпетрол“ по пат на спогодба, информираат од претседателскиот кабинет.

„Претседателот смета дека донесувањето на законот е во јавен интерес бидејќи државата ќе стане сопственик на целиот гасоводен систем и на тој начин ќе се отвори можност за диверзификација на изворите за снабдување со гас на нашата држава, како и дека ќе се создадат услови за дополнителни вложувања во изградба на дистрибутивната мрежа. Исто така, нашата држава ќе стане транзитна рута за други држави во регионот“, се наведува во соопштението.

Во него се објаснива дека усогласениот текст на спогодбата е направен со медијаторство на „Енергетската заедница – Виена“, меѓународна организација задолжена за усогласување на правилата и принципите на внатрешниот пазар на енергија на ЕУ со државите кандидати за членство.

„Во однос на забелешките и критиките дека со ова решение е нарушено начелото на поделба на власта и дека Собранието ги презело ингеренциите на судот, претседателот Пендаровски смета дека владеењето на правото е обезбедено со надлежноста на Уставниот суд да ја контролира уставноста на законите“, стои во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се кратат работни места во МВР, нема да има заменик началници и заменик комaндири, ниту Регионални центри за гранични работи

Советот на амбасадори изрази сочувство по повод смртта на амбасадорот Александар Тавчиовски

Талески: СДСМ остро се спротивставува на скандалозниот Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за полиција