Утрински Весник
Македонија

„Волшебен тепих“ за физички пристап до институциите во Тетово

„Волшебен тепих“ за физички пристап до институциите во Тетово

И лицата со попреченост се граѓани и даночни обврзници на Република Северна Македонија, но кога доаѓа до пристап за добивање услуги во јавните институции, повеќето од нив, немаат овозможено пристап за лица со посебни потреби. Од вкупно 77 јавни институции во Македонија, 20 немаат овозможено пристап за лицата со посебни потреби до првиот кат, додека пак 64 јавни институции немаат овозможено пристап до вториот кат за лица што се движат со помош на инвалидска количка.

За оваа цел, групата активисти од Тетово, барем за еден ден им овозможија пристап до јавни институции во Тетово, преку „волшебниот тепих“, бидејќи градењето на инклузивно општество е обврска на секој граѓанин.

Акцијата е изработена без никаков директен контакт на членовите на групата, односно е работена етапнo и секвенцијално од страна на различни автори. Акцијата „Волшебен тепих за физички пристап до институциите во Тетово“ е финансиски поддржана од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”