Утрински Весник
Македонија

Скопјанка обвинета за поседување оружје

Скопјанка обвинета за поседување оружје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 51-годишна жена која се товари за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 д Кривичниот законик.

Обвинетата на 9 декември, на булеварот „Александар Македонски“ неовластено држела пиштол марка „застава“ со калибар 9мм PARA M88, една рамка со пет куршуми за тој пиштол, и една празна рамка. Со оружјето била затекната од полициски службеници на бензинска пумпа. Јавниот обвинител достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетата за која постојат околности кои укажуваат на опасност да се даде во бегство или да го повтори делото.​

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”