Утрински Весник
Македонија

Финансиска поддршка добија 11 печатени медиуми во земјава

Финансиска поддршка добија 11 печатени медиуми во земјава

Програмата за поддршка на печатените медиуми дизајнирана во насока на заштита на плурализмот во областа на медиумите во соработка со сите засегнати страни се реализира веќе трета година по ред.Целта на програмата е да се реализираат активностите за поддршка на печатените медиуми од општ и информативен карактер.

Постапката за избор на корисниците на средствата согласно Програмата ја спроведе Комисија формирана од страна на Генералниот секретаријат во којашто покрај претставници на надлежните институции, членуваат и по еден претставник на Асоцијацијата за заштита на националните печатени медиуми во Северна Македонија и еден претставник на Здружението на новинари.

„Комисијата донесе одлука врз основа на доставените барања и комплетната документација, согласно јасно дефинирани критериуми. Висината на одобрената поддршка е утврдена врз основа на доставените фактури за календарската 2019 година, а е дефинирана со договор потпишан помеѓу Генералниот секретаријат и избраните корисници врз основа на Записник за евалуација и Извештај на одобрени барања“, се вели во соопштението.

Финансиска поддршка е доделена на оние печатени медиуми кои ги имаат исполнето сите обврски кон државата и кон вработените за 2019 година. Согласно предвидениот буџет за 2020 година, на печатените медиуми на македонски јазик исплатени се средства во висина од 36,8% за направените трошоци за печатење и 36,8% за трошоците за дистрибуција, а на печатените медиуми кои се издаваат на јазиците на етничките заедници во висина од 50,8% за направените трошоци за печатење и 50,8% за трошоците за дистрибуција. Комисијата едногласно одлучи, остатокот на средствата од вкупниот буџет да ги додели на регионалните медиуми и тоа по 15.833 денари на „Зенит“, „Битолски весник“ и „Штипски глас“.

Од вкупно 14 пристигнати барања, одобрени се 11. Комисијата утврди дека сите барања имаат уредна и комплетна документација, но утврдено е дека 3 се специјализирани изданија, а основниот критериум е корисници на овие средства да бидат печатените медиуми од општ информативен карактер кои објавуваат содржина насочена кон непрекинато информирање на јавноста за тековните политички, економски, социјални и културни прашања.

На овие 11 медиумски компании, им се распределени, согласно критериумите 29.999.999 денари, од вкупно 30 милиони денари предвидени во Буџетот за 2020 година за поддршка на печатените медиуми.

„Владата е целосно посветена на поддршка на квалитетното и професионално новинарство и почитување на етичките стандарди во медиумите, и остануваме отворени за изнаоѓање на транспарентно системско решение, во инклузивен процес со сите засегнати страни од сферата на медиумите“, се додава во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Архитектонскиот факултет при УКИМ ќе одбележи 75 години

Ден на Академијата и доделување на признанието „Блаже Конески“ во МАНУ

Сончево со мала до умерена локална облачност, претпладне магла по одделни котлини