Утрински Весник
Македонија

Плетвар црна сообраќајна точка – Доктор Лазаров сведок на страшната несреќа: 15 години лекар, вакво нешто немам видено

20200323 pet prashanja za zashtitata od koronavirus so doktor nenad lazarov 1.jpg

Доктор Ненад Лазаров на социјалните мрежи сподели информација дека бил сведок на страшната сообраќајна несреќа вечерва на патот Прилеп-Росоман каде за жал две лица го загубија животот, а уште 5 лица се повредени.

Тој вели помагал на повредените и она што го видел не може да се опише со зборови и е повеќе од хорор, во неговата 15 годишна кариера немал видено нешто такво. Тој откри дека се работи за пет млади лица кои се повредени од кои најстариот е на околу 40 годишна возраст и апелира на внимателно возење!

“Некои хорори е добро што е невозможно да се прераскажат 🙁
Пред 2 часа како случајни минувачи на патот помагавме на тешка сообраќајка после Плетвар кон Кавадарци, 2ца загинати и 5 души тешко повредени, најстариот околу 40 години.

Ве молам и апелирам да возите нормално и внимателно, јас сум лекар 15 години вакво нешто немам видено до сега.

Не сакам ни да видам, шокантно беше и вечерва да се молиме сите останатите 5ца сите млади да ги преживеат повредите. Сеа ми треба ракија…”, напиша тој на Фејсбук.

Можете да прочитате

Македонец загина во тешка сообраќајна несреќа во Италија

Срцето на Скопје чукаше за Кочани

Ана и Игор Дурловски најавуваат втор новогодишен концерт – на 16 декември во Македонската опера и балет