Утрински Весник
Македонија

Кривична за тетовчанец, вперил пиштол кон полицајци, го претресле и му нашле и нож

Pistol pukanje 960x640 1.jpg

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Б.(37) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста”.

На 05.10.2025, пријавениот од возило „фолксваген амарок” вперил пиштол кон возило во кое се превезувале полициски службеници, а по извршен преглед над возилото се пронајдени и одземени пиштол „Валтер” и нож.


Можете да прочитате

Николоски: Набавивме 49 нови специјализирани возила за комунална хигиена, најголема поддршка на Владата за општините во обезбедување на комуналните услуги за граѓаните

По повод 8 септември ќе биде отворен граничниот премин кај селата Огут и Калово помеѓу Македонија и Србија

Возач од светиниколско возел без дозвола и под дејство на алкохол и со возилото излетал од патот