Утрински Весник
Македонија

Црвен Крст отвори сметки за донации за настраданите во земјотресот во Хрватска

Црвен Крст отвори сметки за донации за настраданите во земјотресот во Хрватска

Црвениот Крст на Македонија информира дека се отворени телефонски броеви за донации за настраданите во земјотресот во Хрватска.

За корисниците на Македонски Телеком отворена е линијата 070 143 400, додека  корисниците на А1 Македонија може да донираат на 075 143 400.

„Црвениот крст на Република Северна Македонија ги понуди специјализираните тимови за одговор и дејствување при катастрофи, материјална помош од стоковите резерви на организацијата како и финансиска помош за погоденото население. Со цел да обезбедиме солидарна поддршка на граѓаните и компаниите на Република Северна Македонија за погоденото население од земјотресот во Република Хрватска, Црвениот крст на РСМ објавува Апел за мобилизирање на финансиска помош за настраданото население. Хуманитарната акција ќе трае до крајот на месец јануари 2021 година,“ се вели во соопштението.

Заинтересираните лица, компании и институции може да донираат финансиски средства преку жиро-сметката на Фондот за Солидарност на Црвен крст на РСМ:

Жиро сметка: 300000001327966
Даночен број: 4030984271620
АД Комерцијална Банка

Граѓани од други земји може да донираат на:

Name of the organization: Red Cross of the Republic of North Macedonia
Bank name: Komercijalna Banka AD Skopje
Bank address: ul. Orce Nikolov no.3, 1000 Skopje, North Macedonia
Bank account: 300000000000133 25730522-11
Swift code: KOBSMK2X
Iban code: MK07300701000001228

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Стипендии за студенти на УКЛО од семејства со ниски приходи