Утрински Весник
Македонија

Владата бара „чаре“ за имотот во Зимбабве добиен од сукцесијата на СФРЈ

Владата бара „чаре“ за имотот во Зимбабве добиен од сукцесијата на СФРЈ
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Владата на 28 седница ја разгледа информацијата за предлог – активности за решавање на статусот на имотот во Хараре, главниот град на африканската држава Зимбабве, кој се наоѓа на адреса: „41 Argyle Drive, Highlands, Harare, Zimbabwe“, кој Република Северна Македонија го доби во процесот на сукцесија на дипломатско-конзуларниот имот на поранешната СФРЈ.

Притоа, Владата го задолжила Министерството за надворешни работи да продолжи со активностите за решавање на статусот на имотот во Хараре согласно опцијата 1 за продажба на имотот и опцијата 2 за размена на имотот.

„Се задолжува Министерството за надворешни работи да преземе активности за осигурување на имотот во Хараре кој не го користи, како и мерки за физичко обезбедување на имотот, вклучително и со помош на надлежните органи во Зимбабве. Се задолжува Министерството за надворешни работи, во соработка со Државното правобранителство на Република Северна Македонија да спроведе постапка за ангажирање на правен застапник за впишување на сопственоста на имотот во катастарските книги на Хараре на име на Република Северна Македонија“, пишува во записникот од владината седница.

Владата му дала рок на Министерството за надворешни работи повратно да ја информира за преземените активности околу решавање на статусот на имотот во Хараре, најдоцна до 30 март 2021 година.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

(Фото) Скопје ја дочекува Новата 2026 година со полн плоштад

Принцеза ја отвори 2026 година на ГАК

Мицкоски и Ѓеорѓиевски ја дочекаа Новата година со граѓаните на плоштадот во Скопје