Утрински Весник
Свет

По силниот земјотрес, уште пет потреси во Хрватска

По силниот земјотрес, уште пет потреси во Хрватска

Пет нови потреси во Хрватска по разорниот земјотрес од 6.3 степени според Рихтер. Два од нив се во градот Петриња, каде што има загинати и повредени лица.

Најсилниот автершок е со јачина од 4.5 степени според Рихтер со епицентар во Сисак. Овие градови се без струја, а не работат ниту телефонските линии. Под рушевините се бараат затрупаните луѓе, а досега е пријавена една жртва во Петриња.

Во изјавата за земјотресот во Петриња што се случи околу 12:20 часот, градоначалникот Даринко Думбовиќ рече дека половина град е уништен и побара итна помош да биде испратена во градот.

Според хрватските медиуми, 6 милиони луѓе го осетиле разорниот земјотрес. Најтешка е ситуацијата во Петриња, каде што се одвива и спасувачката акција.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Супербактериите би можеле да убијат милиони луѓе до 2050 година

Следните разговори меѓу Русите и Украинците се закажани за во среда

Зеленски најави дека француски компании ќе почнат со производство на дронови во Украина