Утрински Весник
Свет

Бондарев: Присуството на руски мировници во Нагорно-Карабах ќе обезбеди траен мир

Бондарев: Присуството на руски мировници во Нагорно-Карабах ќе обезбеди траен мир

Распоредувањето руски мировници во Нагорно-Карабах ќе обезбеди траен мир во регионот, рече шефот на Комитетот за одбрана и безбедност при Советот на Руската Федерација , Виктор Бондарев, во интервју за ТАСС.

„Присуството на руски мировници во Нагорно-Карабах ќе обезбеди мир во регионот на долг рок. Не е прв пат Русија да игра клучна улога во решавањето на конфликтите меѓу нашите најблиски соседи. Ние длабоко ги почитуваме двете завојувани страни и им посакуваме среќа и просперитет, кои се невозможни за време на војна“, рече тој.

Според Бондарев, трилатералниот договор постигнат меѓу Русија, Ерменија и Азербејџан стави крај на братоубиствената војна во Нагорно-Карабах и овозможи да се спречи поголемо крвопролевање.

„Азербејџан се согласи на целосен прекин на огнот и распоредување руски мировници на линијата за контакт меѓу азербејџанските и ерменските трупи. Ерменија, од своја страна, направи големи отстапки долж безбедносниот појас за да ги спаси животите на жителите на Нагоро -Карабах и за одржување контрола над поголемиот дел од територијата “, нагласи Бондарев.

„Сите имаат корист од крајот на војната во Нагорно-Карабах. Се надеваме дека тоа ќе биде пресвртна точка во текот на долгорочниот ќорсокак и дека ќе го отвори патот за траен мир во регионот. Уверен сум дека руските мировници ќе ги исполнат своите задачи со чест и достоинство,“ додаде сенаторот.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет