Утрински Весник
Свет

Нови земјотреси во Хрватска

Нови земјотреси во Хрватска

На подрачјето на Петриња, кое вчера го погодија три силни и послаби земјотреси, и синоќа биле регистрирани неколку помали потреси.

„Ноќта не помина многу добро, уште неколку земјотреси беа почувствувани во Петриња, вечерва и утрово“, изјави градоначалникот на Петриња.

Утрово, околу 7 часот, бил почувствуван земјотрес со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала, со епицентар на длабочина од 1 километар, на оддалеченост од 21 километар од Сисак и 43 километри од Загреб.

Во 1.19 часот, жителите почувствувале малку посилен земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала, со епицентар на длабочина од 2 километри, на 15 километри од Сисак.

Оштетени куќи и станбени згради се последиците од земјотресот со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала што вчераутро ги погоди Сисак, Петриња и другите населени места во округот Сисак-Мославина.

По првиот земјотрес, беа регистрирани уште два земјотреси од 4,7 и 4,1 степени според Рихтеровата скала, со епицентар на 5 километри југоисточно од Петриња.

Нема човечки жртви, но причинета е материјална штета.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Цените на европскиот гас нагло пораснаа на највисоко ниво од 2022 година

Калас: Русија сакаше да ја исплаши Европа со нападот на возот во близина на полската граница

Израелскиот министер за култура се закани дека ќе им го одземе државјанството на режисерите на филмот „НАЗА“ за Газа