Утрински Весник
Свет

Во Хрватска досега се вакцинирани 5.800 лица против коронавирус

Хрватска со рекордни 140 новозаболени од коронавирус

Во Хрватска досега се вакцинирани околу 5.800 лица против новиот коронавирус. Вакцинацијата започна во неделата, а прва вакцината ја прими 81-годишната Бранка Анишиќ од Загребскиот дом за стари лица.

Заклучно со синоќа, вакцинирани се околу 5.800 лица, од кои 4.500 се во домови за стари лица, а 1.300 се здравствени работници.

Вчера во Хрватска беа регистрирани 316 нови случаи на коронавирус, а бројот на активни случаи е 8.036. Меѓу нив, 2.720 пациенти се во болница. Починаа 68 лица.

До вчера се тестирани вкупно 996.935 лица.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

САД нудат награда од 20 милиони долари за информации за иранската нуклеарна програма

Нова безбедносна тревога на аеродромот во Прага: Девет авиони проверувани по закани со бомби

Трамп по дебаклот: Немате поим колку се наместени нашите избори