Утрински Весник
Свет

Испораката на Фајзеровата вакцина доцни во 8 европски земји

Испораката на Фајзеровата вакцина доцни во 8 европски земји

Испораката на вакцините на Фајзер против коронавирус е одложена во осум европски земји поради логистички проблеми, со оглед на температурата на која треба да се одржуваат дозите, наведуваат шпанските власти.

Според светските медиуми, шпанското Министерство за здравство добило порака од фабриката на „Фајзер“ за производство на вакцини против коронавирус во белгискиот град Пирс, во која се наведува дека испораката ќе се изврши во вторник, а не денес како што е најавено. Причината за доцнењето е проблем со контролата на температурата при товарење и испорака.

Во соопштението се наведува дека испораката до осум европски земји, вклучително и Шпанија, ќе се одложи поради овој проблем. Локалните власти во Германија, исто така, објавија одложување на вакцината против коронавирусот во неделата, бидејќи дознале дека има проблеми со температурата при нивното доставување.

„Еуроњуз“ наведува дека испораката на вакцините на „Фајзер“- „Бајонтек“ може да биде комплицирана, бидејќи вакцините мора да се чуваат на многу ниски температури, односно на околу минус 70 Целзиусови степени. Она што ја прави работата нешто полесна е дека вакцината е стабилна на температура помеѓу два и осум Целзиусови степени.

Со други зборови, може да се чува локално неколку дена во обични фрижидери.

Европските земји започнаа да го вакцинираат населението за време на викендот. Германија, Унгарија и Словачка започнаа со вакцинирање во саботата, ден откако Европската комисија планираше да започне да дава вакцини.

Италија, Австрија, Франција, Чешка и други земји започнаа вакцинирање низ целата земја во неделата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Норвешка планира следната година да донира над 9 милијарди долари за Украина

Зеленски: Путин планира да регрутира 300.000 војници од периферијата по изборите

Зеленски не дава избори додека трае војната