Утрински Весник
Свет

Активиран претседателскиот декрет за граници во Јонското Море

Активиран претседателскиот декрет за граници во Јонското Море

Во Грција стапи на сила претседателскиот декрет за затворање на заливот во Јонското Море и воспоставување погранични линии.

Пограничните линии се воспоставуваат по должина на брегот и островите во Јонското Море до Ртот Таинаро на Пелопонез, соопшти грчкото Министерство за надворешни работи.

Претседателскиот декрет е издаден по воспоставувањето на законот со кој е ратификувана Конвенцијата за законите на морињата на ОН од 1982 година и е неопходна мерка за проширување на територијалните води во споменатите делови на Грција.

Грција е целосно посветена на меѓународните правни акти, вклучително и на Конвенцијата за законите на морињата во согласност со меѓународните правни норми, се наведува во официјалното соопштение, пренесе АНА.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Норвешка планира следната година да донира над 9 милијарди долари за Украина

Зеленски: Путин планира да регрутира 300.000 војници од периферијата по изборите

Зеленски не дава избори додека трае војната