Утрински Весник
Спорт

Диего Коста го напушта Атлетико

Диего Коста го напушта Атлетико

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста, во јануарскиот преоден рок ќе го напушти клубот од шпанската престолнина, тврди новинарот Фабрицио Романо. Договорот на 32-годишникот истекува на крајот од сезоната. Интерес за неговите услуги покажале клубови од Кина и Бразил.

Бразилецот со шпански пасош во три мандати го носел дресот на Атлетико (2007/09, 2010/14 и од 2018). Со клубот ја освои Ла Лига, Купот на Шпанија, Лига Европа и Суперкупот на УЕФА.

Диего Коста, од почетокот на сезоната, има одиграно седум натпревари, на кои постигнал два гола.

Медиумите шпекулираат дека на местото на Диего Коста, Атлетико, ќе се обиде да го донесе Аркадијуш Милик од Наполи.

> Диего Коста го напушта Атлетико <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари