Утрински Весник
Свет

Папата Франциск: Солидарноста сега ни е најпотребна

Папата Франциск: Солидарноста сега ни е најпотребна

Во божиќното обраќање папата Франциск му порача на човештвото дека сега му е најпотребна солидарност и ги повика државите да ја споделат вакцината против коронавирусот, нагласувајќи дека не можат да се градат sидови на национализам за да се запре пандемијата што не познава граници.

Како знак на новото време, Папата својата традиционална порака до градот и светот „Урби ет Орби“ не ја изговори од балконот на базиликата Св. Петар пред десетици илјади верници, туку виртуелно од палатата, јавуваат светските агенции.

Пандемијата и нејзините социјални и економски последици доминираа во неговото обраќање во кое тој повика на глобално единство и помош на нациите кои страдаат од конфликти и хуманитарни кризи.

„ Божјиот син нека го обнови духот на меѓународната соработка меѓу политичките и владините лидери, почнувајќи од здравствена заштита, така што на сите ќе им се овозможи пристап до вакцини и третман. Соочени со предизвици кои не познаваат граници, не можеме да градиме sидови. Сите сме во ист брод” рече папата.

Во своето традиционално Божиќно обраќање, папата Фрањо рече дека на светот му треба братство во време на пандемија.

„ Во овој историски момент, обележан со еколошка криза и сериозна економска и социјална нерамнотежа, влошена од пандемијата на коронавирус, најважно е да се признаеме едни со други како браќа и сестри“, рече аргентинскиот поглавар на Католичката црква.

Тој повика на конкретна братска солидарност што ги надминува семејството, етничката припадност, религијата, јазикот и културата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk