Утрински Весник
Спорт

Михајлoвиќ: Жив сум, што повеќе да побарам од 2020-та?

Михајлoвиќ: Жив сум, што повеќе да побарам од 2020-та?

Синиша Михајловиќ е задоволен од епилогот на Болоња во последниот меч за оваа 2020. година. Неговиот тим со 2-0 губеше од Аталанта, па благодарение на измените што ги направи Србинот, Болоња стигна до 2-2.

Еве што кажа за годината која изминува:

„Не можам ништо повеќе да побарам од 2020 година. Останав жив! На личен план не би можел повеќе да побарам“ вели тој.
Српскиот стратег годинава успеа да ја добие борбата со леукемијата, а беше инфициран и со Ковид 19 вирусот. Затоа не е чудо што сега ужива во двете работи кои најмногу ги сака – семејството и фудбалот.

„Добро ни оди и покрај потешкотиите. Еве сме на 15 бода, но на теренот покажавме повеќе од што покажува бодовното салдо“ вели Михаловиќ.

Неговата екипа моментно е 13-та во Серија А, а следниот настап ќе го има на 3 јануари, нагости кај Фиорентина.

> Михајлoвиќ: Жив сум, што повеќе да побарам од 2020-та? <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари