Претседателот на САД, Доналд Трамп, посочи дека е потребно да се назначи специјален совет за истрага на наводно наместените избори што се одржаа во земјата на 3 ноември, на кои победи противникот на Трамп, демократот Џозеф Бајден, пренесува ТАСС.
„Откако ја видов огромната измама со гласачите на претседателските избори во 2020 година, не се согласувам со некој што смета дека не е потребен силен, брз и фер Специјален совет веднаш. Ова беа најкорумпираните избори во историјата на нашата земја и тој мора да внимателно да ги истражи!“, напиша Трамп на Твитер.
Претходно „Волстрит журнал“ објави дека Трамп се залага за назначување на специјални совети за да ги испитаат неговите тврдења за изборни измами поврзани со гласањето во ноември, како и да започнат истрага за синот на избраниот претседател Џо Бајден, Хантер.
„Државниот јавен обвинител Вилијам Бар во понеделникот рече дека не гледа причина да се назначи специјален совет за истражување на обвинувањата против Хантер Бајден или за изборните измами, велејќи дека верува оти истрагата за синот на новоизбраниот претседател Џо Бајден се водела одговорно и професионално“, напиша ВСЖ.
На 14 декември, Електроскиот колеџ на САД ја потврди изборната победа на Џо Бајден. Демократот доби 306 гласа, а актуелниот претседател Доналд Трамп обезбеди 232 гласа. Со 538 електори, кандидатот треба да добие 270 електроски гласови за да биде избран на претседателската функција во САД.
Трамп не го призна поразот и водеше немилосрдна борба за оспорување на резултатите, поднесувајќи мноштво тужби за нерегуларности и за измама на гласачите во голем број клучни држави. Правните битки на Трамп не успеаја да добијат никаква основа, и беа отфрлени од државните судови како и од Врховниот суд на САД.
Инаугурацијата на Бајден ќе се одржи на 20 јануари.