Утрински Весник
Свет

Галиќ: Црна Гора ќе набави 260.000 вакцини против коронавирус

Црна Гора со најмногу активни случаи на Ковид-19 по глава на жител во регионот
Dik 300x250 mk

Директорот на Институтот за јавно здравје во Подгорица, Игор Галиќ, рече дека 70 проценти од црногорските граѓани кои немаат развиен имунитет ќе примат вакцина против коронавирус, наведувајќи дека се резервирани нешто повеќе од 260.000 дози од вакцината

Со оглед на тоа што се примаат по две дози, ќе бидат вакцинирани околу 130.000 луѓе.

„Со оглед на тоа што во првите месеци од вакцинирањето, побарувачката за вакцини ќе ја надмине понудата повеќекратно, сите земји беа принудени да воспостават приоритет за вакцинација. Тоа значи дека на најранливите ќе им се даде приоритет за време на имунизацијата, а по нив ќе следат лицата вработени во витални услуги“, рече Галиќ.

Со оглед на тоа што е најавено дека ќе се вакцинираат граѓани кои немаат имунитет, се поставува прашањето како ќе се утврди кој има имунитет.

„Во моментов, нема доволно достапни научни докази за недвосмислено да се посочи дали и колку долго по инфекцијата некој е заштитен од реинфекција. Раните докази сугерираат дека имунитетот на Ковид-19 може да не трае доволно долго, но потребни се повеќе научни студии со цел подобро разбирање на комплетната состојба“, вели директорот на Институтот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хакерски напади врз белгиските телекоми „Проксимус“ и „Скарлет“ 

Германија го забрани муслиманското здружение Интерактив, се вршат рации и заплена на средства

Поранешниот еврокомесар Дидие Рејндерс официјално осомничен за перење пари