Утрински Весник
Магазин

Германско музичко дуо ја тужи Ријана дека користи нивна песна во реклама на “Фенти“

Германско музичко дуо ја тужи Ријана дека користи нивна песна во реклама на “Фенти“

Ријана се најде пред нов судски спор откако германски уметници тврдат дека една од нивните песни е користена во реклама на „Фенти“ без нивно одобрение.

32-годишнта убавица од Барбадос е тужена од германско музичко дуо татко-ќерка, Кинг Кан и Саба Лу, објави порталот „ТМЗ“.

Тие тврдат дека Ријана користела нивна песна во објава на Инстаграм со која ја промовира својата модна линија „Фенти“. Во тужбата е наведено дека Кинг Кан и Саба Лу ја создале музиката и текстот за „Добри навики“, што се појавува на Инстаграм-страницата на Ријана.

Двајцата тврдат и дека Ријана немала дозвола да ја користи песната на рекламата, и дека таа ја аплоудирала од стриминг-платформа за музика.

Веста доаѓа само неколку месеци откако пејачката и моден магнат се појави на листата на „Форбс“ на најбогати жени кои сами го стекнале своето богатство.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Денеска е Меѓународен ден на писменост, 739 милиони возрасни лица немаат основни вештини

Специфични пет прашања околу тоа како детето си поминало на училиште

Бубрег од свиња пресаден кај Американец функционирал рекордни 271 ден