Утрински Весник
Свет

Франција има доделува државјанство на имигрантите кои помагаат во ковид-кризата

Франција има доделува државјанство на имигрантите кои помагаат во ковид-кризата

Стотици имигранти во Франција кои работат на првите борбени линии против коронавирусот им беа признати услугите на земјата со брзо државјанство.

Министерството за внатрешни работи ги повика граѓаните кои помагаат во напорите против Ковид-19 да аплицираат за забрзана натурализација. Повеќе од 700 веќе имаат добиено државјанство или се во завршна фаза на добивање на истото. Меѓу нив се здравствени работници, чистачи и продавачи.

Вработените во првите борбени редови ширум светот се изложени на Ковид-19 со голема стапка, при што многумина починале од оваа болест, вклучувајќи лекари и медицински сестри.

Франција е во топ 10 најтешко погодени земји од коронавирусот, со повеќе од 2,5 милиони потврдени случаи и близу 62.000 смртни случаи.

Иницијативата за побрзо државјанство за првпат беше објавена во септември. Седумдесет и четири лица веќе добија француски пасош и уште 693 се во завршна фаза. Досега се пријавиле вкупно 2.890 лица.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во Иран обесени три лица за наводна шпионажа за Израел, за време на „12-дневната војна“ уапсени 700 лица

Си-Ен-Ен: Aмериканските напади не ги уништија иранските нуклеарни постројки, покажува првичната разузнавачка проценка

Стејт департмент: Претседателот е задоволен од прекинот на огнот