Утрински Весник
Свет

Перу надмина еден милион случаи на коронавирус

Перу надмина еден милион случаи на коронавирус

Перу објави дека до вчера во земјата се потврдени 1.000.153 случаи со коронавирус, пренесува Си-Ен-Ен.

„Има 4.209 хоспитализирани пациенти поради Ковид-19, од кои 1.111 се наоѓаат на интензивна нега со механичка вентилација“, соопшти Министерството за здравство.

Вкупно 37.218 лица починале од вирусот.

Перу е петта земја во Латинска Америка по бројот на случаи на Ковид-19, по Бразил, Аргентина, Колумбија и Мексико.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Украинската премиерка поднесе оставка – 24info.mk

Иран тврди дека Ормускиот теснец е затворен, САД демантираат

Велика Британија: Температурата во училниците повисока од 40 степени Целзиусови