Утрински Весник
Свет

Во Хрватска 2.763 новозаболени од коронавирус, 66 починати

Туристите „бегаат“ од Хрватска, колони на границите

Во последните 24 часа забележани се 2.763 нови случаи на инфекција со вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на активни случаи во Хрватска е 15.957. Меѓу нив, 2.843 пациенти се во болница, од кои 291 се на апарати за дишење. Починаа 66 лица.

Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, вкупно се евидентирани 200.086 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 3.394 починале, вкупно закрепнале 180.735 лица, од кои 1.855 во последните 24 часа.Во моментов има 47.482 лица во самоизолација.

До денес се тестирани вкупно 974.507 лица, од кои 10.194 во последните 24 часа.

Во Хрватска стапи на сила забраната за движење меѓу жупаниите освен и воведени се пропусници. Од среда до 8 јануари е забрането напуштање на жупанијата на живеење или постојан престој.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва

Бројот на издадени рецепти во САД за слабеење за деца зголемен за 300 пати во споредба со 2019 година

Бесент ги идентификуваше украинските напади врз Русија како една од причините за глобалните енергетски шокови