Утрински Весник
Свет

Путин и Макрон разговараа за соработка во производството на вакцини и имунизацијата

Путин и Макрон разговараа за соработка во производството на вакцини и имунизацијата

Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговараше со неговиот француски колега Емануел Макрон за прашањата на соработката во борбата против пандемијата на коронавирус, објави Кремљ.

Како што се наведува, разговорот ја потврди намерата за развој на контакти меѓу релевантните организации на двете земји во врска со производството на вакцини и имунизацијата на населението, пренесува TАСС.

Се додава дека Путин со задоцнување му го честитал роденденот на Макрон и му посакал брзо закрепнување од коронавирусот.

Двајцата државници разговараа и за ситуацијата во Украина, Нагорно-Карабах, Иран, Сирија и Либија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија: Германските ракетни системи се легитимни воени цели

Мелони руши рекорд: Нејзината влада е најдолготрајна од Втората светска војна

Владата на Мелони го собори рекордот за најдолговечна италијанска влада по Втората светска војна