Утрински Весник
Магазин

Џорџ Клуни вели имал среќа што преживеал несреќа со моторцикл

Џорџ Клуни вели имал среќа што преживеал несреќа со моторцикл

Џорџ Клуни имал сообраќана несреќа на италијанскиот остров Сардинија додека ја снимал минисеријата „Кеч-22“ и признава дека имал среќа да ја преживее драматичната несреќа.

Во интервју за британски „Индипендент“, 59-годишниот актер рече: „Имав среќа. Летав во воздух и завршив на колена. Можев да паднам на кој било друг дел од моето тело и сигурно ќе бев мртов.“

По несреќата, актерот бил пренесен во болница. Неговите повреди не биле сериозни и набрзо бил пуштен. Сепак, неговата сопруга Амал му забранила да се вози на мотор по несреќата.

Џорџ се пошегува: „И потоа дознав дека не смеам да возам мотор. Mојата сопруга ми рече: Доста е.“

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Австралија: И „Амазон твич“ забранет за лица под 16 години, „Пинтерест“ ја избегна забраната

Мексиканката Фатима Бош е новата „Мис Универзум“

Денес се слави Св. Архангел Михаил – Ангелот кој одлучува кој ќе биде спасен, а кому му чукнал судниот час, што треба да правите?