Утрински Весник
Економија

Се продолжува рокот за аплицирање за финансиска поддршка – 43.500 денари по вработен за центрите за странски јазици

Објавен комплетниот список за финансиска помош од 6000 денари од Владата
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

На барање на здруженијата на центри за странски јазици и на едукативните центри за деца, Владата на одлучи да излезе пресрет и да го продолжи рокот за аплицирање за грантови за регистрирани компании во оваа дејност до 28 декември до 11:59 часот.

„Потсетуваме дека центрите за странски јазици и едукативните центри за деца аплицирањето за грантови треба да го извршат со доставување барање на електронската пошта:[email protected], со што добиваат можност за еднократна финансиска помош, во вредност од 43.500 денари по вработен.

Во прилог на барањето за финансиска поддршка преку електронска пошта, правните субјекти треба да ги приложат следните документи:тековна состојба (документ од Централен регистар не постар од 3 (три) месеци; уверение за платени даноци и придонеси од УЈП не постаро од 3 (три) месеци и список на вработени по даночен обврзник заверен од АВРСМ не постар од 15 (петнаесет) дена.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Намален нето надворешниот долг и подобрена инвестициската позиција во третиот квартал од 2025

Од март 2026 повисоки плати за наставниците, еве за колку

Трендафилов: Срамота е да се фалите со покачување од 1.500 денари на минималецот