Утрински Весник
Свет

Србија го продолжи работното време на угостителските објекти

СЗО: Епидемијата се забрзува, се појавуваат докази дека вирусот се пренесува преку воздух

Владата на Србија ги усвои предложените мерки на Кризниот штаб да им се продолжи работното време на угостителските објекти, трговските центри, продавниците, како и на услужните дејности до 20 часот, пренесуваат српските медиуми.

Новите мерки вечерва стапуваат на сила и ќе важат до петок, 25 декември.

„Кафулињата и рестораните ќе може да работат подолго отколку досега, но без музика, со оглед на тоа дека трансмисијата на вирусот значително е поголема кога луѓето разговараат погласно, кога се поопуштени и доаѓа до полесно пренесување на вирусот“, рече доктор Бранислав Тодоровиќ.

Објекти и институции од областа на културата – кина, театри, музеи и галерии, почнувајќи од денес, можат да бидат отворени секој ден до 21 часот.

Кафулињата и рестораните, трговските центри, услужните дејности, како што се фризерници и козметички салони, како и сите продавници, освен прехранбените, до денеска работеа до 17 часот, а за викенд се затворени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Песков најавува преговори за Украина во Абу Даби во почетокот на ноември

Товарен брод потона во Црното Море кај Констанца по сомнителен напад со дрон; еден морнар е загинат

Најмалку 16 лица загинаа, 54 се повредени во земјотрес на Тибет со јачина од 7 степени