Утрински Весник
Свет

Корона – кризата досега ја чини Хрватска 123 милиони евра

Корона – кризата досега ја чини Хрватска 123 милиони евра

Кризата предизвикана од коронавирусот досега ја чинеше Хрватска вкупно 927,4 милиони куни или 123 милиони евра, објави денеска хрватскиот министер за здравство, Вили Берош.

„Според податоците до 18 ноември, 574,4 милиони куни се потрошени на тестирање, трошоците за лекување се 268,9 милиони, а трошоците за боледување се над 83 милиони куни“, изјави Берош.

Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 766 нови случаи, а бројот на активни случаи е вкупно 16.105.

Меѓу нив, 2.956 пациенти се во болница, од кои 294 пациенти се на апарати за дишење. Починаа 80 луѓе.

Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај во Хрватска, досега се евидентирани вкупно 195.728 лица заразени од новиот коронавирус, од кои 3.257 починале, вкупно 176.366 закрепнале, од кои 3.208 во последните 24 часа.

До денес се тестирани вкупно 955.225 лица, од кои 4.614 во последните 24 часа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва

Бројот на издадени рецепти во САД за слабеење за деца зголемен за 300 пати во споредба со 2019 година

Бесент ги идентификуваше украинските напади врз Русија како една од причините за глобалните енергетски шокови