Утрински Весник
Македонија

Утре умерено облачно време со температура до 13 степени

Утре умерено облачно време со температура до 13 степени

Времето утре ќе биде умерено облачно, претпладне по котлините со појава на магла и ниска облачност. По одделни котлини маглата ќе се задржи во поголем дел од денот. Ќе дува слаб ветер од јужен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.

Во Скопје, претпладне облачно со појава на магла и ниска облачност, кои во текот на денот ќе се намалат. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 9 степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно и суво време. Во претпладневните часови по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Од петок ќе преовладува променливо облачно време со врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пожар во познат локал во центарот на Скопје – огнот брзо ставен под контрола

Рама: Албанија и ако стане членка на ЕУ нема да стави вето на Северна Македонија

Приведен турски државјанин, возел на автопат со брзина од 203км/ч