Утрински Весник
Свет

Црна Гора подготвува нови мерки за Нова година и Божик

Црна Гора подготвува нови мерки за Нова година и Божик
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Денес или утре во Црна Гора ќе бидат објавени нови мерки против ширење на коронавирусот за време на новогодишните и божикните празници.

Директорот на Институтот за јавно здравје, Игор Галиќ, како гостин на ТВ Вијести, рече дека епидемиолошката крива покажува мал тренд на опаѓање, но предупреди дека интензитетот на активноста на вирусот е на многу високо ниво. Оценувајќи дека состојбата е се уште сериозна, тој ги повика граѓаните на разбирање.

„Секој вид собирање на отворен и затворен простор носи голем епидемиолошки ризик. Немаме механизми за спречување на собирање во куќите, освен да апелираме до граѓаните, бидејќи ваквиот вид собирање носи голем епидемиолошки ризик”, рече тој и додаде дека меѓу 25 и 30 проценти се позитивни во однос на тестираниот број.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Силна бура ги погоди нордиските земји: Три лица загинаа во Шведска

Украина погодила голема рафинерија во рускиот регион Самара

Лавина на италијанските Алпи, затрупани најмалку две лица