Утрински Весник
Свет

СЗО: Нема докази дека новиот вид на вирус е поопасен

Расте бројот на новозаразени од коронавирус во Канада
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Светската здравствена организација се уште нема докази дека новиот вид на Ковид-19 ќе доведе до зголемена смртност, изјавил еден од директорите на оваа организација, Силви Бријан, за француската БФМ телевизија.

„ Вирусите се менуваат и ова што сега се случило не е некое изненадување. Со цел да одредиме дали мутацијата ќе има влијание на човековото здравје, ќе мораме да направиме дополнителни истражувања во лабораторија. Во овој момент, не гледаме промена во процентот на смртност“ рекла Бријан.

Таа додала дека се потребни истражувања и на темата дали новиот вид на вирус ќе влијае на ефикасноста на вакцината против Ковид-19.

„ Засега делува дека новиот вид на Ковид-19 тешко ќе влијае на ефикасноста на вакцината. Верувам дека мерките кои ги презеде Велика Британија ќе влијаат на тоа да се спречи ширењето на новиот вид на вирус се до масовната вакцинација на граѓаните“ порача Бријан.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Украина погодила голема рафинерија во рускиот регион Самара

Лавина на италијанските Алпи, затрупани најмалку две лица

Зеленски: Конечно обезбедување на мир ќе зависи од партнерите на Киев