Утрински Весник
Свет

Домашните тестови за Ковид-19 повлечени од државните аптеки во Србија

Домашните тестови за Ковид-19 повлечени од државните аптеки во Србија

Премиерката Ана Брнабиќ изјави дека домашните тестови за коронавирус, кои се појавија во аптеките, се повлечени од продажба. Тие тестови, како што објасни таа, не добиле одобрение од Агенцијата за лекови и медицински помагала.

„Тоа беше дискутирано во Кризниот штаб и провери Министерството за здравство, тие тестови не беа одобрени од Агенцијата за лекови и медицински помагала“, рече Брнабиќ во емисијата „Хит твит“.

Забележувајќи дека на тие тестови било јасно напишано дека мора да се користат со стручна помош, Брнабиќ рече дека вакви работи се случуваат.

„Луѓето увезуваат вакви тестови и се наоѓаат во аптеките. Па, не можете да контролирате сè што се случува во Србија секоја минута”, рече таа. Во истата емисија, д-р Бранимир Несторовиќ рече дека знае дека тестовите се увезуваат во земјата „на црниот пазар“. „Тоа е серолошки брз тест чии вредности се скоро нула“, рече тој.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: Во наредните 10 дена ќе се знае дали ќе има договор меѓу САД и Иран

Британска двојка осудена на 10 години затвор во Иран поради обвинение за шпионажа

Бугарски „Твин Пикс“: Шест тела, една запалена планинска колиба и многу неодговорени прашања