Утрински Весник
Македонија

Контроли во 54 угостителски објекти во Куманово и Липково

Приведени двајца жители на Арачиново, со возило се обиделе да удрат полицаец

Вчера во периодот од 17.00 до 21.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово, во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле контрола во 54 угостителски објекти на подрачјето на општините Куманово и Липково. Притоа, во угостителски објект на бул.„Трета македонска ударна бригада“ било констатирано дека растојанието помеѓу масите отстапува од протоколите за работа на угостотелските објекти, согласно Одлуките на Владата на Република Северна  Македонија за спречување на ширењето на Ковид-19. Од страна на Државниот пазарен инспекторат преземени се соодветни законски мерки.  

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Битиќи: Граѓаните ќе платат над 60 милиони евра само за камати од новото задолжување на Владата

Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот 

ЗА ПРВ ПАТ ОВАА ГОДИНА: Во Македонија температурите надминаа 30°C